Маричиќ: Судиите и обвинителите ќе добиваат за 15% повисока плата

За 2022 година ќе има зголемен буџет за судството, поради растот на платите на судиите и обвинителите за 15%, кажа министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на „Утрински брифинг“, додавајќи дека поголемиот буџет се должи и на 70 нови вработувања во обвинителството, 90 во судството, нова опрема, како и подмирување на долговите за вештачења кои се влечат со години.
-Во разговор со ОЈО и Министерството за финансии ги предвидовме сите нови вработувања. Нашиот буџет не може да издржи наеднаш голем број вработувања во една институција, бидејќи и од Академијата за судии и обвинители во системот ќе влезат годинава нови 30 обвинители и судии, кажа Маричиќ.
Прашан за состојбата во обвинителствата, тој одговори дека Обвинителството како институција сама се менаџира, но посочи дека за Обвинителството за организиран криминал бил обезбеден нов простор, а ќе се работи на подобрување на условите и во останатите обвинителства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e