Маричиќ: Политичарите не можат да станат судии, чекаме ЕУ да одговори за мониторингот

-Она што е усогласено на ниво на партии е на ниво на политичка волја и одлука, но не и на правни механизми, одговори министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на ТВ21, прашан за делот од договорот меѓу СДСМ и Алтернатива кој се однесува на мониторингот на судски случаи.

-Политичарите не можат да ја заменат улогата на судските инстанци, кажа Маричиќ.

Тој потсети дека случајот „Монструм“ по вторпат бил отворен, па повторно се дошло до истиот исход, но напомена дека ќе се слушне одговорот од Европската унија.

-Дојдено е до точка на политичка волја за меѓународен мониторинг и ние тоа ќе го побараме од ЕУ, ќе го видиме нивниот одговор. Ставовите на ЕУ досега се познати, но да прејудицирам, а што тие ќе ни кажат сега зависи од нив. За случаите на висока корупција тоа се случи преку набљудување на ОБСЕ, нагласи Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e