Маричиќ: Македонски народ и македонски јазик, тоа е единственото прифатливо за нас на тема идентитет

„Освен македонскиот јазик и зачувување на македонскиот идентитет ништо друго не е прифатливо за нас и не може да биде предмет на преговори“ истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека секоја држава може да има различно видување, но дека тоа не би требало и не може да има импликации врз меѓународниот поредок и статусот на нашиот јазик. „Она за што ние преговараме е решение и формулација што ќе биде еднакво добро и компромисно за двете земји, но без да се навлегува во идентитетот и јазикот“ рече Маричиќ. Вицепремиерот кажа дека преговорите се во критична фаза и дека интензивно се работи, но повторно одби да се врзува со датуми, бидејќи, како што кажа, има уште работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e