Маричиќ: Ќе бидам задоволен од правдата кога ќе ги завршиме сите случаји на СЈО

Министерот за правда Бојан Mаричиќ во емисијата „24 Отворено“ на Тв 24Вести се осврна на реформите во правосудството и истакна дека има правда, шест години по објавувањето на бомбите и дека Македонија е различна држава. Од објавувањето на бомбите, се отворија многу процеси и денес имаме различна ситуација.

„Имаме разочарувања и падови, но не може да кажеме дека сега не е исто. Сите очекувавме да биде побрзо. Од таа причина тргнавме со СЈО, реформи во судството и пречистување и битката е иста, се уште не е докрај завршена. Ќе бидам задоволен со правдата, кога ќе ги завршиме сите случаји на СЈО.“ – рече Маричиќ.

Тој истакна дека мора да се направи могу повеќе и некои работи да се одвиваат побрзо. Во однос на реформите, Маричиќ вели дека по донесувањето на новата законска рамка има разрешување на 10 судии и очекува тоа да продолжи.

„Процесот на прочистување ќе продолжи и нема да заврши преку ноќ и очекувам да продолжат овие постапки.“ – рече министерот.

Рече дека му се пласираат многу невстини лажни вести и фабрикувани вести со цел негова дискредитација.

„Тоа се прави преку разни националистички портали кои во минатото служеа на движењата против нашето зачленување во НАТО.“ – рече Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e