Филтрацијата во судството започна. Ја поздравувам последната одлука на Судскиот совет за разрешување на судии кои ја попречувале правдата. Само на овој начин ќе се врати довербата во системот. На нашите граѓани им ветивме правда и правда ќе има – стои во фејсбук статусот на Бојан Маричиќ, министер за правда.
Двајца судии како што наведуваат од Судскиот совет, се разрешени поради несовесност во работата.
-Донесена е Одлука со која е разрешен судија од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена Одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката, се вели во известувањето од Судски совет.