Маричиќ: Дијаспората има рок до 30 септември за попишување

„Дијаспората веќе се евидентира, од март месец до денеска е отворена таа можност, и ќе биде отворена до 30 септември. Ние очекуваме сите оние кои ќе се пријават, да бидат регистрирани како нерезедентни лица, тие ќе учествуваат во вкупната бројка на граѓани кои се и резидентни и нерезидентни, меѓутоа нема да бидат регистрирани како резидентни“, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Тој вели дека точно ќе се знае колку имаме дијаспора, која што живее надвор од земјата и сака да се попише и колку имаме граѓани кои живеат тука и се попишат.

„Постои можност за некои од резидентните кои нема да се затекнат во моментот, да бидат во домот пријавен или попишан од член на семејството кој што ги знае податоците на тоа лице, меѓутоа тие податоци повторно ќе се проверуваат. Така што, нема никаква шанса за било каква измама“, додава Министерот Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e