Маричиќ: Целосна невистина и лажна вест е информацијата дека веќе сум се вакцинирал

Целосна невистина и лажна вест е информацијата дека веќе сум се вакцинирал, истакна министерот за првда, Бојан Маричиќ.

„Категорично демантирам дека јас или било кој член од моето семејство има примено вакцина.
Дополнителна потврда дека се работи за целосна измислица е фактот дека информацијата ја сподели Антонио Милошоски, кој во македонското општество е познат како генератор и ревносен ширач на лажни вести, човекот кој е ретко успешен колекционер на деманти.
Не би ме изненадило Милошоски и да е „бриферот“ дека наводно јас и членови на Владата сме се вакцинирале преку ред.
Ваквите удари секако нема да ме поколебаат од намерата правдата целосно да завладее во нашата земја, а сите оние кои го прекршиле законот да одговараат.
Комплетно е јасно дека целта на ваквите дезинформации е само да ми се наруши честа и угледот“, посочи Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e