Ние ветивме дека ќе има една изборна единица и отворени листи. Тоа е најкристална форма на демократијата, секој глас се важи, секој друг модел на некој начин одредени гласови ги пуштаат во ветер, вели министерот за информатичко општество и администрација.
-Не слушнав ниту еден аргумент зошто ВМРО-ДПМНЕ се против овој изборен модел. Да ја зголемиме демократијата за секој глас да се важи. Со мнозинскиот модел кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ исто така не се важат гласовите на граѓаните. Ние сме против тој модел, мора во Собранието да се преставувани сите структури во општеството. Исто така и во однос на половата застапеност. Но кога се поднесуваат илјадници амандамани во Собранието за една изборна единица тоа значи дека се плашат од избори. Не слушнавме реално зошто се против. Ако е некој толку силен и мисли дека има поддршка ќе каже „бирајте модел, ќе ве победиме како и да е“, но ВМРО-ДПМНЕ калкулира, вели Манчевски.
Тој вели дека СДСМ решила да не прави калкулации и да се отворат пред граѓаните и помалите партии.
Со оглед на тоа дека по ова прашање немаат исти ставови со ДУИ, Манчевски истакна дека коалицијата е стабилна и дека нема никакви проблеми помеѓу овие две партии.