Судиите кои се во македонските судови се судиите од тевтерчето на Јанкулоска. Прашање е и за неа, иако има пресуда зошто се уште не е во затвор. Останатио дел од правосудството, како обвинителството функционира. Основното јавно обвинителство води истраги против Специјалната јавна обвинителка или функционери доколку има било каква информација по допрен глас или сомнеж за незаконско работење. Се плашам како и на кој начин судство ќе реагира на ова. Дали повторно ќе остават да застарат случаите, дали ќе бегаат луѓето и дали ќе имаме политички азиланти како осудениот почесен претедател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
Исто така, во однос на алатката „отворени финансии“ Манчевски истакна дека функционира многу добро со оглед на тоа што јавноста може да ги види сите трошоци на државните пари.
-Со системот кој го воведовме „отворени финансии“ се гледаат сите трошоци од 2010 до денеска. Криење, задскривање повеќе не е возможно. Овој систем ќе се апдејтира на секои 2 недели и јавноста ќе има увид конкретно кој колку троши. Алатката ќе ја користат и медиумите и сите органи на прогон, вели Манчевски.