Министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски, по една година на функција, остро го нападна јавниот сервис МРТ на својот твитер-профил.
„Првпат откако сум министер јавно ќе кажам мое лично мислење. МРТВ е срам, дно и целосно под политичка контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија нема јавен сервис на граѓаните“, напиша на Твитер министерот Манчевски.