Макрадули: Не е возможно опасен отпад да се внесе во Македонија

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, во денешната дебата во емисијата Топ тема изјави дека во Македонија не е возможно легално да се внесе опасен отпад. Тој појасни дека постои базелска конвенција која содржи повеќе стапки на контрола пред да влезе отпадот во одредена држава.

-Не доаѓа опасен отпад во Македонија. постои Базелска конвенција. За да тргне еден отпад од европска земја во Македонија, фирмата од таму до нивното министерство доставува барање, акредитирана лабораторија во таа држава го потврдува тоа. Потоа тој конвој проаѓа низ сите земји до Македонија, сите тие проверуваат дали е пополнета базелската конвенција за да помине во земјата. Така да не е возможно по легален пат да биде внесен отпад во државата, вели Макрадули.

Тој додава дека граѓаните немаат доверба во институциите и тоа мора да се промени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e