Македонски пејачи снимале плагијати, илјадници видеа избришани од Јутјуб, ова се дел од нив

Илјадници песни на наши поп и фолк пејачи деновиве биле избришани од интернет каналот Јутјуб, бидејќи биле плагијати, односно песни кои биле превземени и преснимени без дозвола од продукцијата која ги поседувала авторските права.

Како што дознава  Фокус српската продукција „Вејв Ентертејнмент“ до надлежните служби во Јутјуб доставила листа со видеата за кои поседува авторски права, а без дозвола биле преснимени и преземени од наши музичари, по што видеата биле избришани. Даниела Темелковска, Влатко Миладиновски, Татијана Стефановска, Ѓоко Јовиќ, ,,Анеат Арсовска, група Молика, Дрим тим, Респекти, Екстра бенд и многу други музичари се нашле на црната листа и нивните видеа не се повеќе достапни на Јутјуб.

Исто така, се подготвувала и групна тужба од авторите чии песни биле нелегално преснимени, со цел да си ги остварат авторските права за во иднина да не се продолжи со старата пракса – градење на кариера и заработување од музика за која се немаат откупено авторските права. Од естрадни кругови дознаваме дека наши пејачи, поради завист неретко самите си ги пријавувале колегите плагијатори кај продукциите кои имале авторски права за одредена песна. Помеѓу наши музичари се коментира дека ова е всушност војна поради конкуренција, помеѓу самите пејачи, кои еден со друг се клеветеле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e