Припадникот на граничната полиција на РСМ Перо Марковски од 27.03.2019 година ќе биде дел од заедничката операција на Фронтекс во Елхово, Бугарија на бугарско-турската граница, соопштуваат од МВР.
Операцијата е дел од активностите кои се однесуваат на мигрантската криза и во неа учествуваат припадници од седум европски гранични полиции.
Заедничката операција опфаќа заеднички патроли, превенција на активности поврзани со илегалната миграција, но и размена на искуства и најдобри пракси во делот на граничното работење.
РСМ во текот на годината ќе го потпише договорот со Фронтекс, по што се очекува заеднички операции од овој тип да се спроведуваат и во државата.
