Македонија се претстави на еден од најпрестижните земјоделски саеми

Прв пат после пет години Република Македонија се претстави со свој национален штанд на еден од најголемите саеми за земјоделство и прехрамбена индустрија #Agrobalt што се одржува во Литванија. На штандот финансиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неколку македонски компании ги претставија своите земјоделско-прехрамбени производи.

d

Делегација од МЗШВ, предводена од државниот секретар Нефрус Челику, во рамки на саемот учествуваше на 13-от Агро-економскиот форум помеѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

33380505_1739113249479560_9119164581086756864_n

На форумот посветен на справувањето со отпадот и загубите од храна како и дигитализација на земјоделството, македонската делегација ги претстави политиките на Владата на РМ во делот на воспоставување на системи за иновации во земјоделството и унапредувањето на инфраструктурата за информациски и комуникациски технологии, како и планот за изработка на Национална стратегија за загуби од храна и намалување на отпадот од храна во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e