Македонија останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ

Министрите на денешната седница го прифатија и годишниот извештај на Министерството за финансии за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2017-тата година. Според извештајот, јавниот долг на Република Македонија на крајот на 2017 година изнесувал 4.786,9 милиони евра што претставува 47,6% во однос на БДП. Од оваа сума, 3.187,5 милиони евра отпаѓаат на надворешниот, додека 1.599,4 милиони евра на внатрешниот јавен долг.

Државниот долг на Република Македонија на крајот на 2017 година изнесувал 3.958,5 милиони евра односно 39,3% во однос на БДП. Со ова ниво на државен долг Република Македонија и натаму останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2017 година изнесувал 81,6%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e