Македонија од германската „КФВ“ банка доби 9 мил.евра неповратни средства за две развојни програми

Денеска во Владата на Република Македонија беше потпишана Спогодба меѓу Владите на Република Македонија и на Сојузна Република Германија за финансиска соработка 2017-та година, со која германската „КФВ“ банка за обнова и развој додели 9 милиони евра, неповратни средства за реализација на две значајни развојни програми за Република Македонија: Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар фаза 2 и Програмата за водовод и канализација фаза 2, чии договори за финансирање исто така беа потпишани денеска.

25488213_2078670162354512_5500489702422510292_o

-За нас како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од исклучително значење е договорот со „КФВ“ банката, со кој ни се доделуваат неповратни 4 милиони евра за „Програмата за наводнување на јужната долина на реката Вардар“- фаза 2. Оваа Програма е од витално значење за македонското земјоделство. Основната цел на оваа Програма, е да се подобрат условите за живот на населението во јужната долина на реката Вардар, преку оддржливо управување со природните ресурси и трајно да се реши проблемот со наводнување на обработливите земјоделски површини во регионите што ги опфаќа Програмата, истакна министерот Николовски.

25587105_2078670255687836_5998705262204875869_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e