Македонија и Германија постигнаа договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи

ие како ДУИ и како Влада сме ориентирани кон тоа да им служиме на нашите граѓани, каде и да се наоѓаат за да можат тие да ги искористат сите права и бенефиции во рамките на системот во Македонија“, изјави Агин Нухиу, заменик-министер за внатрешни работи.

Договорот ќе стапи во сила по меѓусебното потпишување.

„По усвојувањето од страна на Владата на Македонија треба да се определи датум за потпишување на овој договор“, рече Нухиу.

Со овој договор се укинува повторувањето на теорискиот дел при добивањето дозвола во друга држава. Предуслов за добивање на германска дозвола е државјанинот на Македонија да престојува во Германија барем 180 денови.

Договор за признавање на возачките дозволи подразбира: „Лицето кое поседува возачка дозвола издадена од федералните органи на Германија во секое време по пристигнувањето на територијата на Македонија ќе може да ја смени дозволата без да има потреба за повторување на теоретскиот или практичниот дел на испитот за возачка дозвола. Речиси иста постапка е и со германската страна. Сепак, потребно е да се има престојувалиште во Германија најмалку 180 дена.“

Македонските возачки дозволи моментално се признаени во седум држави, а во подготовка е и таков договор со Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e