Македонија, една од 5-те најдобри дестинации во светот за 2021 година

Еден од најреномираните светски магазини, магазинот Форбс секоја година прави рангирања во повеќе категори. Најбогати во светот, најдобри земји за живот, најдобри економии, најдобар град… всушност, листи на нешта кои значат нешто и во светски рамки. Интересно е тоа што на овој магазин нема многу статии за Македонија- сепак, најпозната беше онаа во 2015 година кога ги рангираа најбогатите Македонци и за кои се крена фама кај нас.

Овој пат, нешто сосема друго, но сепак е некаво признание.

Во неодамнешно рангирање на магазинот, Македонија се најде на листата на 5- те помалку познати нации кои заслужуваат да бидат „жаришта“ на туризмот за 2021 година. И главната фотографија на статијата е од Македонија, всушност панорама од Охрид.

Еве што пишуваат:

Со ветување за вакцина во блиска иднина, поединци ширум светот го дадоа својот поглед на нивниот следен одмор, многу нации очекуваат наплив на туризам, бидејќи патувањата ќе станат изводливи. Некои земји – Франција, Италија и Холандија- се популарни дестинации со децении, но одредени други се сериозно потценети кога станува збор за туризмот. Овие пет нации имаат тенденција да бидат туристички бисери, а секоја е опремена со изобилство природна убавина, фасцинантна култура и богата историја што ќе го претвори секој посетител во доживотен обожавател.

Северна Македонија

Поранешна југословенска нација, Македонија, историски регион кој е најпознат како родно место на Александар Велики. Главниот град Скопје е особено интересна дестинација благодарение на неговата голема концентрација на историски артефакти, кои се движат од Скопското кале од 6 век до скопскиот аквадукт. За вистинско идилично искуство, посетете ги западните текови на Северна Македонија, каде што Охридското Езеро чека со нетрпение на патниците кои сакаат да го видат. Едно од најстарите езера во цела Европа, ова живописно водно тело е опремено со традиционална архитектура, живописни плажи и многу можности за пешачење и забележување на дивиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e