Српските медиуми јавуваат дека ноќеска околу 1 часот по полноќсе случила страшна сообраќајна несреќа во која загинал 35 годишен македонски државјанин.
Несреќата се случила во близина на Белград на патот кон Добановци кога се судриле автомобил и камион со полициска придружба.
Во истата несреќа, што се случила синоќа, четворица други се повредени и се згрижени од Службата за брза помош.
Се верува дека несреќата е предизвикана од конвојот камиони.