Македонец почина во сообраќајка од Нови Сад: Едвај го извадиле од смачканиот автомобил

Четириесет и четиригодишен Македонец починал во сообраќајна несреќа која се случила вчера изутрина на автопат во близина на Нови Сад. Тој бил во автомобил со марка фолксфаген со македонски регистарски таблички кој наеднаш излетал од сообраќајницата.

Полицијата соопштила дека телото на загинатиот било најдено на неколку десетина метри од смачканиот автомобил, а потрагата по него и вадењето траело со часови.

Во несреќата која се случила околу пет часот наутро потврдено е дека се повредени уште пет други машки лица исто така државјани на Македонија и тие се префрлени во Клиничкиот центар во Војводина.

„Два пациента се тешко повредени, но се во стабилна здравствена состојба, а тројца се здобиле со лесни телесни повреди. Првите двајца во Ургентниот центар, а другите на ортопедија. Во тек е интензивен лекарски надзор и контрола после која ќе имаме детални информации за нивната здравствена состојба, изјавиле од полицијата, објави Пинк.рс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e