Мајката на убиеното момче Пинета Секондо, Маја Трпковска револтирана објави на нејзиниот фејсбук профил дека ќе поднесе тужба против МВР.
Пино Секондо, момчето кое беше исчезнато шест месеци и убиено на свиреп начин, беше пронајдено пред околу 30-тина дена во атарот на Љуботен. Неговата мајка, Маја Трпковска, семејството и блиските пријатели беа во потрага целото време, но за жал случајот заврши трагично.
Телото од Пино беше најдено на место викано Башинец во атарот на село Љуботен пред еден месец, а беше утврден неговиот идентитет.
Од голем револт, непрофесионалност и многу други причини, кои за сега нема да ги открие во јавноста, Маја Трпковска поднесе тужба против секторот за потраги и исчезнати лица, а тоа го соопшти на својот фејсбук профил.