Мај, јуни и јули ќе бидат многу врнежливи

Според моменталните анализи со кој ние располагаме периодот мај, јуни, јули во нашата држава ќе бидат поврнежливи или значително поврнежливи од вообичаеното за тој дел од годината што значи дека врнежите ќе бидат нешто почести, прогнозира метеорологот Славчо Попоски.

Од друга страна пак со оглед на тоа дека летото ни е се поблиску и ќе станува се потопло и потопло така ќе растат и условите за невреме проследено со интензивни поројни дождови, силни електрични празнења и громови засилен до силен ветер и појава на град кој може да направи и значителни штети и тоа особено кај земјоделието.

Во ваква ситуација можни се и локални поројни поплави како например кој ги услови и ни ги донесе циклонот ТОДОР кој сеуште влијае на времето кај нас.

Што се однесува пак до температурите на воздухот за тој дел од годината истите ќе бидат во границите на просекот или ќе бидат нешто повисоки од нормалата што значи дека веќе треба да очекуваме и поизразени топлотни бранови.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолг временски период и за долгорочно анализирање на времето промени и измени овие анализи може да претрпат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e