Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека во моментов се во детална контола на компании за коишто имаат дојава дека ја злоупотребиле и исплатата на минимална плата.
„Пет години наназад е период за контролирање, ние контролираме по основ на данок на личен доход, ДДВ, добивка… Целокупното работење на таа целна група, на тие претпријатија сакаме да го утврдиме“, истакна Лукаревска.
Таа вели дека работодавачите ги исплатиле платите, а потоа присилно ги терале нивните вработени да им ги вратат парите.
„Или пак е направена измена на декларација каде што е пуштено многу помалку од тоа што е утрдено како износ на минимална плата. Има некаде ситуации каде е направена некаква спогодба меѓу работодавачот и работниците преку некаков синдикат, но таа одлука, таа спогодба не е над законот“, посочува Лукаревска.