Лукаревска: Владата, институциите направија се, на ред е ЕУ да испорача почетокот на преговорите

Навистина мислам дека се за поздравување овие позитивни сигнали којшто стигнуваат овој период којшто ги слушаме овие изминати денови, одговори Сања Лукаревска, заменик претседателката на СДСМ на прашањето од новинарите за тоа какви се надежите во СДСМ и во кој смер oдат подготовките со оглед на тоа што премиерот Заев вчера најави дека нареднава недела се очекува средба на граничниот премин со бугарскиот премиер.

„Република Северна Македонија направи многу, Владата на СДСМ направи многу во целиот овој процес.

Исто така можам да кажам дека ги исполнивме сите оние критериуми за отпочнување на преговарачка рамка којашто всушност беше и потврдена на последната посета на премиерот Заев во Брисел.
Имаме позитивен извештај, имаме позитивна одлука, имаме поддршка и одлука нели од сите 27 земји членки на ЕУ сега на ред е всушност и Европската Унија да го испорача она коешто е ветено, тие се очекувањата“, истакна Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e