Носителката на Изборната Единица 2, од коалицијата „Moжеме” преводена од СДСМ, Сања Лукаревска, денеска во општина Шуто Оризари се сретна со членките на Форумот на жени на СДСМ, кои спроведуваат активности на терен територијата на Шуто Оризари.
За поздравување е фактот дека Форумот на Жени во Шуто Оризари се проширува, заклучија Лукаревска и нејзините соговорнички.
Работењето на системско унапредување на родова еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените е фокусот на Форумот на жени во Шуто Оризари.
Лукаревска ги охрабри во нивната работа, потенцирајќи дека СДСМ воведува револуционерни чекори во политиката, со цел еднаква застапеност на жената во политиката, преку воведувањето на концептот 50/50.
На средбата беа присутни и кандидатите за пратеници од Изборната Единица 2, Љатифе Шиковска и Асан Ферат.
„Ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто и неколку кратно го зголемивме опфатот на корисници. Воведовме детски и образовен додаток со што придонесовме во поефикасна борба против детската сиромаштија. Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари. Го решивме проблемот со стечајците, денес околу 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари до нивно пензионирање”
Лукаревска промовирајќи ја програмата „Можеме”, рече дека во наредниот мандат, е време за ред и дисциплина во сите институции.
„Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да се отчетни, транспарентни и чесни. Затоа, воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери, а за оние кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции.
Сите институции треба да се во целосна служба на граѓаните со еднаков пристап кон сите”, рече Лукаревска.
Лукаревска кажа дека на вонредните парламентарни избори е јасна, СДСМ нуди професионални институции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси”
Носителката на ИЕ2 од коалицијата „Можеме” рече дека на На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во правна држава и ќе изберат неселективна правда.