Лукаревска: Не би сакала да бидам клон или фоторобот на Шекеринска

Сања Лукаревска – новата заменичка претседателка на СДСМ – наследничка на Радмила Шеќеринска во емисијата 24 анализа, за именувањето на новата функција истакна дека како нејзина наследничка, тоа е нов предизвик за неа.

„Партиската хиерархија ја имам поминато од најниско до највисоко ниво и тоа е голем добробит за мене и Шеќеринска им беше идол на многу млади жени кои почнувале во политиката. Tаа е една политичка фигура која ќе остави белег во плурализмот и во општеството и нејзиниот политички габарит е неспоредлив. Не би сакала да се споредувам со неа зошто би било многу досадно во политиката ако сите сме исти. Не би сакала да бидам клон или фоторобот на Радмила, туку секој е уникатен воделот на градењето на политичката кариера.“ – рече Лукаревска.

Лукаревска рече дека како член на СДСМ поддржува демократија и во партијата и државата и ќе се бори да има дебата и различни мислења.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e