Лукаревска и Имери во Приштина потпишаа Меморандум за соработка

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и Директорот на Косовската даночна администрација Сакип Имери на денешната средба во Приштина потпишаа Меморандум за соработка.

43766987_10212554670878844_798424163944497152_n

10.10.2018_1

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка двете институции ја искажуваат својата спремност за интензивирање и продлабочување на соработката во делокругот на нивното работење, размена на искуства, трансфер на знаења и најдобри практики, потикнување на доброволна даночна усогласеност, како и превенција, откривање и борба против даночната евазија во двете земји.

Воедно делегацијата на УЈП имаше можност да го посети и Центарот за услуги и образование на даночните обврзници во Приштина.

43669136_10212554671918870_3963444555742707712_n

43562305_10212554701679614_8073110933775319040_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e