Лукаревска: Го менуваме имиџот на УЈП, порано се делеле налози кои морало да се вратат полни со казни, сега не е така

Во вечерашното издание на “Вин-вин” на Телма телевизија, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, се осврна на лошиот имиџ што институцијата го имала во минатото и нејзините лични заложби, но и стремежите на вработените да го променат овој имиџ на институцијата.

“И јас и моите вработени се трудиме да изградиме слика за институцијата дека е навистина од голем државен интерес, која од една страна се бори да го задржи општеството во економски рамки какви што навистина треба за една држава каква што сме ние, но исто така и да се грижи за дисциплинирано даночно работење на сите компании. Не знам кога имало можност да се разговара, да се има интервју со директор на УЈП. Јас многу отворено, многу транспарентно зборувам за сите грижи, придобивки, предизвици, проблеми со кои се среќава оваа институција. Порано кога се одеше на терен од страна на инспекторите и контролорите по основ на Законот за регистрирани готовински плаќања, факт беше дека сè се одвиваше вака: Ова ти се налозите, имаш 3 налози, врати ги трите налози полни со казни. Сега такви насоки нема. Ослободени се инспекторите од такво функционирање. Порано кога ќе влезеше контрола од УЈП обврзникот имаше можност да си ги испочитува сите постапки од процедурата до носење на конечно решение, сега има можност еднаш да има завршен разговор, па да дојде да разговара со началникот на Главниот генерален даночен инспекторат, па и со управник на Регионална дирекција, па дури и со Директор. Тоа порано го немало. Се правеле притисоци” – истакна директорката на УЈП, Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e