Во Гевгелија заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски го посетивме промотивниот штанд МојДДВ! Досегашната реализација на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ е успешна и ги остварува двете главни цели. – рече Сања Лукаревска по денешната посета на Гевгелија.
Поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ кај граѓаните
Намалување на сивата економија!
Бројот на скенирани фискални сметки изнесува 5, 405,182
Остварен е промет од 2, 768, 341, 908 денари
Вкупно ДДВ 298, 847, 257 денари
Повратот на 15 % од пресметаниот ДДВ изнесува 44 милиони, 827 илјади и 089 денари.
При реализацијата на проектот, забележан е и раст на пријавите од страна на граѓани за местата од каде не добиле фискална сметка за купен производ или за услугата што ја користеле.
ФАКТИ
Изминатата година, 2018-та во периодот од 1 до 23 Јули до Управата за јавни приходи стигнале 52 пријави од граѓани за неиздадени фискални сметки, додека во истиот период годинава има 114 пријави за неиздадени фискални сметки.
До Управата за јавни приходи, стигнуваат и поплаки од граѓани за бледи фискални сметки поради што баркодот не може да биде вчитан.
Управата за јавни приходи апелира до правните лица коишто се занимаваат со продажба и нудење на услуги, да ги сервисираат своите фискални апарати, што е и нивна законска обврска според одредбите од член 14 ставови (1) и (2) од ЗРГП.