Луѓето кои го открија прислушувањето во Македонија, номинирани за награда на Европскиот парламент

Годинашната награда е во чест на Дафне Каруана Галиција, малтешката новинарка, која беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил.

„Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање” е мотото по кое во Европскиот парламент на 29 мај ќе биде доделена награда, која секоја година ја доделуваат парламентарни групи во оваа европска институција, јавува Макфакс.

Meѓу номинираните се укажувачите oд Македонија (т.н. „свиркачи“) Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во МВР, кои го открија скандалот со масовното прислушување и придонесоа за промена на власта.

Номинирани се и Јан Куцијак, словачки истражувачки новинар, кој истражуваше даночни измами меѓу бизнисмени и словачки политичари, потоа Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, Марија Ефимова, укажувач, која откри корупција поврзана со малтешките политичари и Рафаел Халет, укажувачот за даночна евазвија во Луксембург, поврзан со „Луксембург Ликс“.

Одлуката за наградата ќе ја донесе деветчлено жири, меѓу кои, членуваат истражувачки новинари и укажувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e