Во интервју за Фронтлaјн, директорот на македонски железници Инфраструктура, Хари Локвенец, коментирајќи го предлог буџетот за идната година што го претстави министерот Фатмир Бесими, вели дека железниците се една од приоритетните капитални инвестиции кои во вкупната предвидена сума од 800 милиони евра влегуваат со 250 милиони наменети пред сè за патната но и за железнилката инфраструктура од Kоридорот 8.
„Во буџетот, во проекцијата многу сериозно се зедоа железниците како една од инвестициите кои најмногу можат да придонесат индиректно кон развојот на локалната економија. Инвестициите во железницата се предвидливи и оваа Влада ги доведе во состојба да бидат предвидливи.
250 милиони евра се предвидени за патната и за железничката инфраструктура за Коридорот 8. но за мене најважно е што Владата покажува желба, волја но и активности во целост да ги финансира проектите во железницата. Тоа подразбира дека целосно ќе бидат финансирани изведените работи на веќе започнатите изведувачи за првата и втората фаза и ќе бидат финансирани почетокот на работите за третата најважната етапа…“, вели Локвенец.
