Наспроти нечии реакции, најверојатно инспирирани од бизнис интереси, а не од интересите на јавноста, Локално.мк еден од неколкуте онлјан медиуми во чиј импресум стојат новинари со долгогодишно искуство во својата работа и фирма, при објавувањето на вести се води исклучиво од проверени информации и од интересите на целокупната македонска јавност.
Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ денеска на Фејсбук објава реагираше на текстот за сомнителното купување на државно земјиште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, земјиште за кое жителите на општина Центар протестираа, поднесоа кривична пријава и се уште се противат да им се затвори единствениот проток на светлина и воздух.
„А фактите не се во прилог на опозицијата. Фактите кои ги споменуваат од партијата се дека согласно Уредбата, која во Службениот весник на Република Македонија е објавена на 30. јануари 2012 година, а потврдена и во Службениот весник на Република Македонија, објавен на 12. април 2012 година, цената по м2 е 5.600 денари, а не 61 денар по м2. Освен линкот, кој може да се види тука, Локално го објавува и делот од Службениот весник каде јасно се гледа која е цената за Е2, односно за изградба на катни гаражи“, реагира порталот Локално.