Голема несреќа се случи по вчерашниот митинг на владејачката СДСМ во Скопје, кога од срцев удар почина граѓанин кој од внатрешноста дошол на митингот.
Порталот „Лидер“, прв извести за случајот, по информација добиена од лице место. Но, за наше жалење, ја поминавме границата. – воочи главниот уредник на Лидер Љупчо Златев.
На нашите читатели им се извинуваме за контекстуализацијата на веста, која беше насловена “Почина човек на митингот на СДСМ – народот ограден во кафез (ВИДЕО)”, во која, смртниот случај го поистоветивме со лицемерието кое власта го направи со поставувањето на огради на протестот.
Сепак, колку и да се работи за лицемерие, целосно е неетички од наша страна што несреќниот случај го поврзавме со „кафезот“. Работата на новинарите е да го вадат на површина јавниот интерес, но, во се треба да постојат граници. Дежурната новинарска екипа на „Лидер“, ја надмина границата – недозволиво е една трагична човечка судбина да се користи како метод за разобличување на лицемерието на власта. – констатира Златев.
