“Предупредивме. Труење на деца. Одговорност. АХВ. #ПресКонференција
11:30 ч пред МЗШВ” – напиша Николовски на неговиот Фејсбук профил.
Од најавата може да се заклучи дека тема на денешната прес конференцијата ќе биде последниот настан со труење на деца од енергетски пијалоци.
Дополнителниот заменик министер Николовски, десетина дена пред да се случи труењето, јавно на прес конференција објави податоци и документи кои покажуваа дека на пазарот во Македонија се продава енергетски пијалок кој претставува закана за јавното здравје на граѓаните, а посебно на младите.
Како и по кој правилник или одредба од законот преку АХВ е дозволено на пазарот во Македонија да се најде производ алкохолен пијалок со висока содржина на кофеин?
Дали за оваа пратка од февруари АХВ има донесено решение за повлекување, уништување, ставање вон промет или други мерки? – праша тогаш Николовски.
Граѓаните мора да ги знаат одговорите. Јас и мојот тим нема да дозволиме никој да си игра со нивното здравје. – рече Николовски на прес конференцијата на 19 октомви.
Но, по се изгледа, предупредувањата на дополнителниот заменик министер, надлежните од Агенцијата за храна и ветеринарство не ги сфатија сериозно и за многу кратко време се случи труење на три деца токму од ваков вид на пијалок.