Носителот на ИЕ 3 и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, упати ран утрински поздрав до сите свои поддржувачи од новата тартан патека на стадионот во родната Крива Паланка, каде заедно со сопругата Андријана спортски го започнаа денот.
“Убав почеток на денот!
Во целaва збрка и трчање со предизборните активности, да потрчаш, но за нешто друго, е ептен добредојдено! 😀
Разбистрив глава, истрчав со сопругата Андријана на новата тартан патека на стадионот во Крива Паланка и веќе сум на пат кон нови средби со вас, граѓаните во Кочани и Пробиштип.
Најдобрите идеи доаѓаат токму од вас. Вие сте мојата инспирација да променам нешто во нашава татковина.
Тука политиката има грдо лице. Арогантно, безобразно, со комплекс на Бог. Тоа мора да се промени!
Политиката мора да им служи на граѓаните, на Македонците им е преку глава да и служат на политиката.
Можеме да го оствариме тоа! Дајте ми ја поддршката во оваа моја битка 🇲🇰❤” – напиша Николовски во објавата на својот Фејсбук профил.
ФБ статус на Љупчо Николовски