Лишен од слобода дваесет и четиригодишен скопјанец, носел бела прашкаста материја со себе

Полицијата ноќеска во 02.30 часот уапсила дваесет и четиригодишен скопјанец, информираат од МВР.

„Полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на општина Карпош го лишиле од слобода В.Д.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e