ЛИДЛ конечно доаѓа во Македонија!

Германскиот трговски синџир „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Една од најголемите компании во малопродажбата во светот во петокот ја регистрираше подружницата „Лидл Северна Македонија“ Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, објави вчера Централен регистар. Сопственик е германската матична компанија „ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ“ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев.

Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Повеќе на следниот линк на Фактор.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e