Лидерската средба закажана за денеска неизвесна

Лидерска средба најверојатно нема да има. Извори од СДСМ синоќа брифираа дека лидерот Зоран Заев им соопштил на сопартијците дека форматот на средбата без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема смисла.

Претходно во денот, а пред Централниот одбор на СДСМ, од најголемата опозициска партија соопштија дека претседателот на партијата, Христијан Мицкоски нема да учествува на ваква средба со образложеие дека единствено ќе прифати да разговара за закажување предвремени парламентарни избори.

Заев пак, ја закажа лидерската за да се зборува за Изборниот законик, за пописот и за Законот за обвинителство. Денеска ќе стане појасно кои ќе биде исходот од оваа ситуација и како лидерите на партиите ќе ги усогласуваат ставовите или земјата ќе влезе во нова политичка криза и ќе оди кон нови избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e