Лидерите се собраа во Клуб на пратеници, во тек е третата лидерска средба

Првите луѓе на четирите политички партии предмалку пристигнаа во Клубот на пратеници и ја започнаа третата лидерска средба.

Прв дојде вицепремиерот Бујар Османи, по него лидерот на ДУИ, Али Ахмети. По нив на средбата пристигна Радмила Шекеринска од СДСМ, па Билал Касами и Аријанит Хоџа од БЕСА.

Следен стигна премиерот Заев, а последни во Клубот на пратеници пристигнаа Христијан Мицкоски и Тања Каракамишева од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерите ќе се обидат да ги испеглаат разликите околу формирањето на ДИК, да се договорат за претстојниот референдум, а и за Законот за Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e