Левица навива за војна меѓу Украина и Русија и воспоставување нов светски поредок

Пратениците и високите функционери на политичката партија Левица во изминатиот ден преку социјалните мрежи уште еднаш покажаа дека се против македонските национални интереси и НАТО алијансата од која Северна Македонија е дел, навивајќи за војна во Украина.

apa

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев изрази поддршка за рускиот лидер Владимир Путин, поврзувајќи ја ситуацијата во Украина и формирањето на нови републики со ситуацијата во Косово.

За нов светски поредок и контра НАТО пишуваше и членот на президиумот на Левица, Реџеп Исмаил кој цитирајќи го Догу Перинчек напиша дека Атлантскиот блок станува минато и дека доаѓа ерата на азиската унија.

Со повици за војна и крвопролевање се огласи и пратеникот на Левица, Борислав Крмов кој со цитат од Шекспир повика да има војна, будна, звучна и полна изблици.

Со ваквиот однос, Левица уште еднаш покажува дека не се грижи за македонските национални интереси, како земја која е членка на НАТО и дека остануваат заробени во нивната матрица за автократски лидери како Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e