ЛДП Битола: Дали дел од 360 000 евра, завршија во партиската каса на Вмро-Дпмне?

“Општинскиот комитет на Вмро-Дпмне од Битола, од скоро е сместен во нови простории.

Додека битолчани осиромашуваат и се иселуваат, додека Општина Битола зема кредит да врзе крај со крај, додека пропаѓа Офицерскиот дом, додека пропаѓаат мозаиците во Хераклеа или со еден збор додека Биотола се распаѓа, владеачката партија Вмро-Дпмне се луксузира и се вселува во нови простории.” – изјави Александар Касапов од ЛДП Битола.

“ЛДП и битолчани прашуваат:

    1. Дали имотот во кој се всели Вмро-Дпмне е повеќе од 300 м2
    2. Дали за новите простории на Вмро-Дпмне во Битола се платени повеќе од 300 000 евра и
    3. Од каде му се парите на Вмро-Дпмне за овие простории

Исто така битолчани и ЛДП прашуваат дали дел од 360 000 евра, за кои е осомничен Талески, завршија во партиската каса на Вмро-Дпмне. Доколку одговорот на ова прашање е негативен тогаш Вмро-Дпмне конечно да излезе и да побара оставка од Талески. Доколку не го направи тоа тогаш за битолчани , Вмро-Дпмне и Талески и понатаму ќе бидат едно исто.” – додаде Касапов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e