Граѓаните на социјалните мрежи реагираат поради се почестите лажни вести кои ги шират некои портали. На приложените фотографии се гледа монтажа на фотографија на маица на која пишува „Сега го гледаш, сега не“, направена по повод отстранувањето на сонцето од Кутлеш од капаците на шахтите во Скопје согласно договорот од Преспа.
Фотографијата објавена на некои портали врз која е направен фотошоп заради ширење на лажни вести и пропаганда.
Оригиналната фотографија е преземена од Гугл, на која јасно се гледа дека воопшто нема таква порака.
“Да се затвориме во една соба и да не комуницираме со никој”, “ова е најтрагичното, истиве први трчаат по соседиве на викенд”, “Целта е строго дневно политичка и за внатрешна употреба”, “Целта е зголемување омраза кај Македонците”, се само дел од коментарите на оваа лажна вест.