Порталот Курир кој важи за близок до ВМРО-ДПМНЕ, ја искористи информацијата дека докторка од клиниката за кожни болести е позитивна на тестот за корона вирус, дополнително да внесе паника во јавноста, со тоа што објави ЛАЖНА ВЕСТ дека наводно докторката кој воедно е и директорка на истата клиника била на свадбата на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Наместо како медиум па преземе одговорност во овие чуствителни моменти, Курир, објави целосно ЛАЖНА ВЕСТ со што дополнително предизвикува вознемиреност во јавноста.
Вистината е дека заразената докторка, НЕ БИЛА на свадбата кај Николовски.
По лажната вест, веднаш со реакција се јави и генералниот секретар на СДСМ кој целосно ги демантира, како што вели лагите на одредени медиуми познати како извори на лажни вести.