Лазаревска: Потписите за референдум се собрани надвор од процедурите, поразите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат

ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидува да ги спречи реформите во образованието кои се во интерес на наставниците, на учениците и нивните родители. Откако им пропаднаа обидите за протести, откако се увиде дека освен нивните партиски членови, никој не ги поддржува, решија да собираат потписи за референдум. – порача денеска на прес- конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Но, знаејќи дека ја немаат поддршката од граѓаните, потписите за референдум ги собирале на начин спротивен на сите процедури.

Не им е првпат на ВМРО-ДПМНЕ да организираат вакви иницијативи, па случајно да направат вакви грешки, овие грешки сигурно не се случајни, но она што е сигурно е дека граѓаните немаат доверба и поддршка кон ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова пропадна уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира реформите, да ја манипулира јавноста.

Но и покрај сите порази, ВМРО-ДПМНЕ останува на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена ги кочат законите важни за граѓаните, Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ преку законски решенија го унапредуваат образованиот систем и условите за работа на наставниот кадар. – рече Лазаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e