Ласкова: Поддржуваме хуманост и одиме чекор понатаму, создаваме систем за грижа од државата!

Изјава за медиуми,
Цветанка Ласкова, координаторката на Форум на жени на СДСМ

Почитувани,

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како партија која ги поддржува хуманоста и солидарноста како базични човечки вредности им го честита на сите хумани луѓе Денот на хуманитарната помош. Да продолжиме да бидеме човечни, да си подаваме рака секогаш кога ни е потребна помош. Да не чекаме големи непогоди и катастрофи да не потсетат дека треба да си помагаме едни на други.

Неодамнешните поплави, кои за жал однесоа десетици човечки животи, потврдија дека македонските граѓани се солидарни и хумани. Сепак, сакаме да порачаме дека хуманитарната помош не е и не смее да биде замена за помошта што граѓаните треба да ја добиваат од државата.

Ќе понудиме систем кој се грижи за граѓаните. Нивното здравје и нивната социјална егзистенција нема да зависат од хуманитарни акции и СМС-пораки!

Здравствениот и социјалниот систем треба да превенираат и да овозможат грижа на граѓаните кои се ранливи и во тешка состојба, а хуманитарните активности да бидат само дополнителна поддршка.

cvetanka laskova8

cvetanka laskova7

cvetanka laskova6

cvetanka laskova5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e