Зајачето Мицковски во изјава за Алсат-М нас од Кумановската група не нарекол кукавици, бидејќи двајца од нашите другари машки одговорија на провокациите и навредите на терористите на ВМРО, вели Дем Шеху, еден од осудените од Кумановската група од затворот Идризово, пишува Лајм.
“За да зборуваш за стравот и храброста, треба да ги проучите делата на страшливците и храбрите. Зајачето од ВМРО, страшливец си ти, затоа што си пионер на Груевски, кој побегна со опашката меѓу нозете. Страшливци се кукавиците од организацијата ВМРО, кои ги нападнаа пратениците во парламентот на 27 април, кои кога беа осудени на 10 години затвор и плачеа како деца во судницата и се до ден денес плачат по затворите.
Страшливци се вашите кукавици со сиви и црни униформи камуфлирани со маски кои редовно не малтретираа со врзани раце за време на транспортот до судовите.
Ние ги заробивме вашите полицајци и откако ги врзавме, не ги малтретиравме и ниту ги допревме со рака, бидејќи треба да си како вас кукавиците на ВМРО, страшливци и гнасни за да малтретираш некој кој е со раце врзани зад грб. Овој начин на дејствување ја разликува Кумановската Група од страшливците на терористичката организација ВМРО.
Ти Мицковски, секогаш ќе останеш”MICKY MAUS” во минијатура”, вели Дем Шеху за Лајм.