Кузеска: Се потврди дека мнозинството пратеници се за напредок, следуваат разговори со сите демократски сили

Вчера факт е дека се потврди тоа што го кажувавме цело врме, а тоа е дека мнозинството пратеници се за напредок, дека се за влез во ЕУ, дека ги поддржуваат европските интеграции на земјата, дека се за стабилни меѓуетнички односи, дека се за добри односи со соседите, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

„Тоа е она што можеше јавноста вчера да го види и воедно да го види поразот на Мицкоски кој што со денови ја лажеше јавноста дека има мнозинство и дека ќе ја урива како што кажуваше власта. Следуваат разговори со сите демократски пратеници, со сите демократски сили, со сите демократски партии кои што го поддржуваат токму тоа што вчера и го потврдија, и секако дека во наредниот период СДСМ интензивно работи на обезбедување на напредокот на државата“ одговори Кузеска на прашањето од новинарите за тоа какви се пресметките во СДСМ, дали во пресметките за зголемување на парламентарото мнозинство се ставени само пратениците на Алтернатива, а со тоа да излезат пратениците од Беса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e