Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, како и Министерството за здравство, во изминатиот период презедоа сериозни чекори во надминување на сите предизвици со масовната имунизација против коронавирусот.- порача денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Навреме се набавија соодветни фрижидери за складирање на вакцините, беше направен прецизен план за вакцинација на населението и денес се е подготвено за почеток на вакцинацијата.
Првиот контингент вакцини вчера пристигна во државата, како поддршка од пријателска Србија. Северна Македонија има пријатели и тоа се покажува на дело.
Со овие вакцини ќе се вакцинираат здравствените работници кои во изминатиот период се во првите борбени редови против Ковид 19 и кои секојдневно се изложени на ризик од коронавирусот.
Според предвидената динамика наскоро се очекува да пристигнат и кинеските вакцини, со што засилено ќе продолжи вакцинацијата на населението.
И додека Владата, институциите предводени од СДСМ се посветени на решавање на предизвиците и работат во интерес на граѓаните и јавното здравје, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски за сето време од оваа коронакриза, седи отстрана и се однесува деструктивно. – рече Кузеска.
Лажни вести, кршење мерки, обиди за поткопување на здравствениот систем, навреди и понижувања кон здравствените работници, се сето она што граѓаните го гледаат од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во изминатава година.
ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски не се грижат за здравјето на граѓаните. Единствената нивна грижа е како да ја зачуваат фотелјата на Мицкоски кој шест пати губи од граѓаните.
Нивните деструктивни политики се провидни, препознаени од народот и токму затоа уште долго ќе останат во опозиција. – заклучи таа.