Кузеска: Рекордни 465 милиони евра за капитални инвестиции во 2022 година

Одговорните и ефикасни мерки на Владата предводена од СДСМ даваат резултати и тоа е поткрепено со официјални податоци. 2022 година ја завршивме со најголема реализација на капитални инвестиции досега, во вкупна вредност од 465 милиони евра, порача денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Реализирани се скоро 90 отсто од планираните капитални проекти, што е највисок процент во споредба со претходните 10 години.

При тоа, важно е да се напомене дека реализацијата се случува во една од најкризните години во Европа по Втората светска војна.

За СДСМ инвестициите во патната инфраструктура, во капитални инфраструктурни објекти е врвен приоритет.

Ако за 11 години во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени и рехабилитирани 650 километри патишта, сега, за пет години имаме 1.300 километри патна инфраструктура, рехабилитирана и изградена, за што инвестирани се над милијарда евра.

Започната е изградбата на железничка пруга во вредност од 600 милиони евра, комплетирана е изградбата на гасоводот од Жидилово до Битола, како и многу други капитални проекти значајни за граѓаните и стопанството.

Сето тоа дава за право во новата 2023 година да влеземе уште поамбицизно.

За оваа година во буџетот се планирани 800 милиони евра за капитални инвестиции, што е дури 51,8 отсто повеќе отколку за 2022 година.

СДСМ како одговорна партија продолжува со мерките и политиките кои обезбедуваат развој, европска перспектива на земјата и европски услови за живот на граѓаните, рече Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e