Куририте манипулираат – ниту граѓаните кои ја демолираа општина Центар бранеа црква, ниту СЈО има надлежност за „Шарената револуција“!

Откако Специјалното јавно обвинителство денеска најави две обвиненија од кои едното за демолирањето на општина Центар, и ВМРО-ДПМНЕ и провладините медиуми започнаа со напади кон обвинтелството. – пишува Либертас.

Протестите во кои беше демолирана општина Центар не беа за одбрана на црква

Една од тезите кои цел ден се врти на медиумите под контрола на власта, е таа дека „Катица Јанева и СЈО тргнале против граѓани кои ја бранеле црквата“.

Како што беше лага тогаш, тоа е лага и сега.

Како што кажа и обвинителката Фатиме Фетаи денеска, обвинетите преку партиските органи организирале да се протестира заради наводно рушење на црквата “ Св. Константин и Елена “ која била во фаза на градба, иако, таква одлука за рушење на објекти во фаза на градба воопшто не била предмет на расправа на седницата.

– Анализите кои ги направи ова јавно обвинителство на доказите кои беа собрани, упатуваат на тоа дека мотивите на првообвинетиот за ваквото барање се чисто лукративни, заради опстојување на бизнис интересите на партискиот врв и нивните блиски бизнис партнери. Впрочем, во доказниот материјал од наша страна е доставен и уште еден разговор помеѓу еден поранешен висок носител на извршната власт, опфатен и во обвинението и познат македонски бизнисмен. Тој разговор е само една мала потврда за напред наведените мотиви. Наведената телефонска комуникација е случена на ден 13.10.2013 година во 22 часот, 02 минути и 49 секунда со времетраење од 56 секунди. Имајќи го предвид дневниот ред на седницата, како и спорните урбанистички планови, меѓу кои и Мал Ринг, чие поништување било на дневен ред на седницата на советот, како и целиот комплекс на интереси и објекти кои го носи Дуп-от Мал Ринг, јасно произлегува и мотивот за ваква реакција на дел од обвинетите, со конкретно поттикнување на насилен начин да се спречи одржувањето на седницата – објасни Фетаи.

Целиот текст прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e